Дејли Блинд и официјално стана играч на Баерн

Дејли Блинд и официјално стана играч на Баерн

пред 1 година

Баерн Минхен и официјално потврди дека Холанѓанецт Дејли Блинд е нивни нов фудбалер, откако тој потпиша шестмесечен договор со германскиот гигант по неочекуваната разделба со Ајакс.

„Едвај чекам да заиграм за овој клуб, сега кога доаѓа најважниот дел од сезоната и во кој се одлучуваат титулите. Клуб како Баерн секогаш оди на титула, и тоа беше главната мотивација да се приклучам. Се надевам дека ќе помогнам на клубот со моето искуство“, изјави Блинд.

32-годишниот Блинд, кој е син на поранешниот холандски репрезентативец Дени Блинд, од 2014 до 2018 година беше член на Манчестере јунајтед, по што се врати во својот матичен клуб Ајакс. Од 2019 година тој игра со вграден дефибрилатор на срцето поради миокардија, но тоа не го спречи да ја продолжи кариерата.

Share
Scroll to Top