Навивачи на Манчестер јунајтед го блокирале влезот во тренинг-центарот

Навивачи на Манчестер јунајтед го блокирале влезот во тренинг-центарот

пред 3 години

Навивачи на Манчестер јунајтед, во четвртокот, го блокирале влезот во клупскиот тренинг-центар.

„Ние одлучуваме кога ќе играте“, „Глезери одете си“ и „51% МУФЦ“, пишува на транспарентите кои ги истакнале навивачите. Последниот транспарент асоцира на германскиот модел, според кој навивачите се мнозински сопственици на фудбалските клубови.

Навивачите барале да се сретнат со менаџерот Оле Гунар Солскјер. Норвежанецот одбил, но потоа излегол пред навивачите заедно со своите помошници Мајкал Керик и Дарен Флечер и еден од најисјусните фудбалери Немања Матиќ, кој успеал да ја смири ситуацијата.

Навивачите го потсетиле Солскјер, дека тој во 2005 година бил против семејството Глејзер да го преземе клубот.

 

Share
Scroll to Top