Дејли Мејл: Мбапе во Реал

Дејли Мејл: Мбапе во Реал

пред 4 месеци

Еден од водечките британски таблоиди, Дејли Мејл, во неделата навечер нешто по 23 часот по наше време, во категоријата „ексклузивно“, објави дека Килијан Мбапе кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

Во најмала рака чудно, бидејќи според логиката на нештата ваква информација најпрвин би требало да објават водечките шпански и француски медиуми, Марка, АС и Лекип.

Дали се работи за светска ексклузива или бесрамен обид да се соберат кликови, ќе биде познато наскоро.

Поради тоа оваа ексклузива на Дејли Мејл треба да се земе со голема доза на претпазливост.

Share
Scroll to Top