Де Брујне го избра Азар пред Давид Силва

Де Брујне го избра Азар пред Давид Силва

пред 3 години

Фудбалерот на Манчестер сити, Кевин де Брујне би го избрал неговиот соиграч од репрезентацијата Еден Азар како најдобар фудбалер во историјата на Премиерлигата пред неговиот поранешен соиграч Давид Силва.

„Тоа е валкано прашање. Но, ќе кажам Еден, бидејќи тој беше посебен. Кога беше на највисоко ниво, никој не беше подобар од него. Давид најверојатно беше попостојан, но Еден ги има квалитетите кои малку фудбалери ги поседуваат“, вели Де Брујне.

Азар воодушевуваше со своите игри со Челси, пред во 2019 година да се пресели во скап трансфер во Реал Мадрид, каде што апсолутно разочара поради проблемите со повредите, слабата форма и вишокот килограми.

Share
Scroll to Top