Де Лихт не сака скапа облека и бесни автомобили: Соиграчите ми се смеат

Де Лихт не сака скапа облека и бесни автомобили: Соиграчите ми се смеат

пред 4 години

Вториот најскап дефанзивец на сите времиња – Холанѓанецот Матијс де Лихт порача дека за разлика од повеќето фудбалери, него не го интересираат скапа облека и бесни автомобили. Тој во интервју за „De Volkskrant“ вели дека е насочен на својата игра, а не на својот изглед.

„Јас сум Матијс, јас сум свој и нема да ме видите на тренинг да одам со скроено одело. Мојата професија е фудбалер и сакам да бидам ѕвезда ама само на терен. Понекогаш во соблекувална ми се смеат поради она што го носам, ама не ми е грижа. Се додека се чувствувам добро – супер е. Почитувам добри играчи кои сакаат да изгледат добро и имаат добри автомобили, ама не мора сите да сме исти“ вели 21-годишниот фудбалер кој на Инстаграм го следат над 5 милиони луѓе.

„Во Холандија бев само момче кое игра фудбал. Во Италија фудбалерите се посебна друштвена класа. Ми се допаѓа што ме почитуваат во Италија, но ми беше убаво и во Холандија“.

Share
Scroll to Top