Анчелоти го сака Калверт-Луин во Реал Мадрид

Анчелоти го сака Калверт-Луин во Реал Мадрид

пред 3 години

Реал Мадрид се подготвени да платат 50 милиони фунти за напаѓачот на Евертон, Доминик Калверт-Луин, тврди британскиот „Сан“, додавајќи дека повратникот на клупата на „кралевите“ Карло Анчелоти турка овој трансфер да се оствари.

Калверт-Луин минатата сезона под водство на Анчелоти постигна 21 гол за Евертон, по што беше повикан и во англиската репрезентација. Според изворите на „Сан“, газдата на Евертон, Фархад Мошири е подготвен да го прифати трансферот по финансиските проблеми на клубот, кој загуби над 240 милиони фунти последните две сезони поради корона вирусот.

Покрај Калверт-Луин, Реал се заинтересирани и за Тимо Вернер од Челси, бидејќи во моментов го имаат само Карим Бензема како „чист“ напаѓач, додека Еден Азар и Винисиус Жуниор се во втор план, а Лука Јовиќ најверојатно не е во неговите планови.

Share
Scroll to Top