Дибиров: Да го победиме Порто и да потврдиме дека сме на добар пат!

Дибиров: Да го победиме Порто и да потврдиме дека сме на добар пат!

пред 3 години

Тимур Дибиров, искусното лево крило на македонскиот и европски ракометен шампион – Вардар на ден пред новиот предизвик на „црвено-црните“ посакува уште еден добар меч и освојување на бодовите на дуелот против Порто во ракометната Лига на шампиони.

„Мислам дека натпреварот ќе биде многу тежок затоа што сега ние сме во една многу интересна ситуација, победивме многу силен противник како Фленсбург и сега сакаме да напредуваме малку по малку секој натпревар. Што се однесува до натпреварот до Порто, сакаме да потврдиме дека ова беше почеток на нашата идеја за она што сакаме да го постигнеме оваа сезона. Затоа многу ќе биде важна оваа победа дома, сепак знаеме дека Порто е многу квалитетен противник, независно е каде играте, дома или на гости. Многу незгодна екипа со тактика „7 на 6“ и кога им е најтешко, тогаш ја играат најдобро. Сакаме да потврдиме дека сме на добар пат, дека можеме уште подобро и дека нашата авантура оваа сезона почна од победата со Фленсбург. Сега треба да продолжи и да биде подобра и подобра. Нема лесен противник, но играме дома и мора да победиме“ рече Дибиров.

Вардарци се осоколени по победата над Фленсбург откако претхоно два дуели (ПИК Сегед и Елверум) на „црвено-црните“ беа одложени поради пандемијата на коронавирусот.

Во првото коло Вардар 1961 загуби на гостувањето кај Мешков Брест, па на мегдан со португалскиот шампион излегува со скор 1-1. Порто, пак досега има 2 победи и 2 порази во А групата во тековната сезона на Лигата на шампиони.

Натпреварот Вардар – Порто се игра утревечер со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Share
Scroll to Top