Диего Коста повеќе не е играч на Алетико Мадрид

Диего Коста повеќе не е играч на Алетико Мадрид

пред 3 години

Диего Коста повеќе не е играч на Атлетико Мадрид. Клубот реши да му излезе во пресрет на напаѓачот, кој вчера побарал, шест месеци порано да го раскине договорот. Бразилецот со шпански пасош од лични причини побарал да го напушти Мадрид.

Коста во два мандати го носеше дресот на Атлетико. Има одиграно 215 натпревари, на кои постигнал 83 гола и забележал 36 асистенции.

Учествувал во освојувањето на Ла Лига, Купот на Шпанија, Лига Европа и два Суперкупа на УЕФА.

Медиумите вчера објавија дека тој кариерата ќе ја продолжи во Бразил или Кина, но денес англичаните шпекулираат дека за него сериозен интерес покажале Арсенал и Тотенхем.

Атлетико ќе се засили со напаѓач, кој треба да биде алтернатива за Луис Суарез. „Јорганџиите“ најчесто се поврзуваат со Аркадијуш Милик, но шпанските медиуми тврдат дека во Мадрид од Кина ќе пристигне поранешниот играч на Виљареал Седрик Бакамбу.

Share
Scroll to Top