Диего Коста се враќа во Бразил, ќе потпише за Палмеирас?

Диего Коста се враќа во Бразил, ќе потпише за Палмеирас?

пред 3 години

Диего Коста ќе потпише двегодишен договор со својот клуб од детството, бразилскиот Палмеирас, тврди „Скај спортс“.

32-годишниот Шпанец со бразилско потекло, е слободен агент откако си замина од Атлетико Мадрид минатиот месец и преговарал со повеќе клубови од Турција, Катар и Саудиска Арабија, но и со неколку премиерлигаши.

Меѓутоа, ниту еден од тие трансфери не се оствари во јануарскиот преоден рок, и тој сега ќе се врати во Сао Пауло, каде што ја почна својата кариера со Барселона Еспортиво Капела пред 17 години.

Share
Scroll to Top