Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е избран за најдобар во изминатата деценија, според анализата на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).
Аргентинецот со „јорганџиите“ го освои првенството, купот и двапати триумфираше во Суперкупот на Шпанија, а има и титула од Лига Европа, но и од Суперкупот на Европа. Чоло Симеоне двапати во минатата деценија играше финале во Лигата на шампиони, па поради сите ови работи собра 152 бода.
Зад себе ги остави Пеп Гвардиола и Јирген Клоп, додека четврти во оваа категорија е Жозе Мурињо.
Во првите 10 тренерски имиња имаше место и за Масимилијано Алегри, Унаи Емери, Зинедин Зидан, Карло Анчелоти, Маурисио Покетино и Марсело Гаљардо.