Димитриевски и покрај супер-одбраните не успеа да спречи пораз на Рајо

Димитриевски и покрај супер-одбраните не успеа да спречи пораз на Рајо

пред 3 години

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски не успеа да спречи втор пораз во второто коло на шпанската Ла лига за неговиот Рајо Валјекано, и покрај неколку фантастични одбрани при 1:0 поразот од Реал Сосиедад на „Аноета“.

Димитриевски беше одличен на голот, и посебно се истакна во финишот на првото полувреме кога го одбрани ударот на Ојарзабал од слободен удар, а потоа и во 62. минута кога го одби обидот на Естулондо. Меѓутоа, во 66. минута беше досуден пенал за Сосиедад по играњето со рака на Иван Баилиу, и ударот од белата точка на Ојарзабал заврши зад грбот на голманот.

Од партијата на Димитриевски беа импресионирани и фановите на Рајо, кои на социјалните мрежи го посочија како нивниот најдобар фудбалер без кого би загубиле со многу повисока разлика. Сепак, Рајо останува на дното на Ла лига.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top