Динамо ако ја победи Омонија, оди на Легија или Флора

Динамо ако ја победи Омонија, оди на Легија или Флора

пред 3 години

УЕФА, во своето седиште во Нион, попладнево организараше ждрепка, со која беа одреден двојките за третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Првите натпревар од втората рунда, во Лигата на шампионите, ќе се одиграат во вторник и среда.

Динамо Загреб, чии дрес го носат македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, утре ќе ја пречека Омонија во второто квалификациско коло. Доколку Динамо ја елиминира Омонија, во третата рунда ќе игра против победникот од натпреварот Легија Варшава-Флора Талин.

Црвена звезда, во среда ќе гостува во Казахстан кај Каират.

Ако Црвена звезда избори пласман во третата рунда за противник ќе го има подобрито од дуелот Алашкерт (Ерменија)-Шериф (Молдавија).

Мура, која ја елиминира Шкендија во првото коло, треба да го мине Лудогорец за да избори меч со Олимпијакос (Грција) или Нефчи (Азербејџан).

Останатите двојки за третото коло:

Линколн (Гибралтар)/Клуж (Романија) – Слован Братислава (Словачка)/Јанг Бојс (Швајцарија)

Глазгов Ренџерс (Шкотска) – Малме (Шведска)/Хелсинки (Финска)

Ференцварош (Унгарија)/Жалгирис (Литванија) – Славија Прага (Чешка).

Третото коло ќе се игра на 2/3.август, односно на 10/11.август.

Share
Scroll to Top