Динамо пак го совлада Хајдук, избега на +4 на врвот на табелата

Динамо пак го совлада Хајдук, избега на +4 на врвот на табелата

пред 3 години

Динамо Загреб славеа со 2:0 над Хајдук на „Максимир“ во дербито на 31. коло во Хрватската прва лига, со што избегаа на 4 поени пред Осиек со натпревар помалку, откако Осиек одигра само 0:0 на гостувањето кај Риека.

Клучните моменти се случија во првото полувреме, кога прво во 20. минута по играњето со рака на Марио Вушковиќ, Бруно Петковиќ од пенал ги донесе „модрите“ во водство. Само пет минути подоцна македонскиот репрезентативец Аријан Адеми имаше одлична шанса, за во 36. минута, Љирим Кастрати да успее да избега на одбраната на гостите за 2:0.

Хајдук играше похрабро во второто полувреме, но Динамо ја „спушти“ топката, и на крајто стигна до нова победа. Адеми имаше уште една убава шанса во 80. минута, но неговиот удар помина покрај голот.

Share
Scroll to Top