Ди Си јунајтед со понуда за Герет Бејл

Ди Си јунајтед со понуда за Герет Бејл

пред 2 години

Американскиот МЛС клуб, Ди Си јунајтед почнал со преговори со агентите на Герет Бејл за можност Велшанецот да ја заврши кариерата во САД.

Поранешниот најскап фудбалер на планетата, кога Реал Мадрид го купија од Тотенхем во 2013 година, Бејл ги отслужува последните месеци од договорите со „кралевите“ на неславен начин, со мала минутажа, со написи за тоа дека е „паразит“ во клубот и во постојан конфликт со навивачите. Тој има одиграно вкупно 290 минути за „Лос бланкос“ оваа сезона.

Според „Вашингтон пост“, Ди Си јунајтед, каде што претходно играше Вејн Руни, подолго време се заинтересирани за Бејл и сега постои конкретна понуда, иако шпекулациите го поврзуваа со враќање во Велс во тимот на Кардиф сити.

Share
Scroll to Top