Добри вести за Симеоне – Облак и Трипие ќе играат против Барселона

Добри вести за Симеоне – Облак и Трипие ќе играат против Барселона

пред 4 години

Атлетико Мадрид, викендов, во дербито на колото во Ла Лига ќе ја пречека Барселона. Повредите и коронавирусот гокријат тимот на Атлетико пред овој натпревар.

Шпанските медиуми јавија дека против Барселона, тренерот Диего Симеоне, нема да може да смета на Луис Суарез (коронавирус), односно Лукас Тореира и Хектор Херера.

Сепак, насмевката на лицето на тренерот на „јорганџиите“, му ја врати информацијата која ја добил од клупската лекарска служба, дека Јан Облак и Киран Трипе ќе бидат подготвени за дербито.

Атлетико од почетокот на сезоната, во Ла Лига, има одиграно седум натпревари и е единствениот тим во Шпанија кој се уште нема пораз.

Share
Scroll to Top