Доброто со добро се враќа – Рашфорд го израдува младиот фан со Плејстејшн 5

Доброто со добро се враќа – Рашфорд го израдува младиот фан со Плејстејшн 5

пред 3 години

Млад навивач на нисколигашот Бароу доби на подарок Плејстејшн 5 со посебна посвета од англиската фудбалска ѕвезда Маркус Рашфорд, откако осумгодишниот Џошуа Хјусон покажа како се работи за доброто на заедницата.

Малиот Џошуа минатиот декември со помош на клубот Бароу јунајтед, собра донации за локалната јавна кујна инспириран токму од активноста на Маркус Рашфорд, кој успеа да ја убеди британската влада да се даде помош во храна на децата од семејства со ниски примања.

„Сакам само да му кажам големо благодарам на Маркус Рашфорд. Јас и моето семејство ќе го гледаме мечот на Маркус и момците со Украина“, изјави Џошуа.

Рашфорд, врати на пораката.

„Џошуа е добро момче. Ова не е ништо во однос на тоа што тој заслужува. Доброто е моќ“, напиша Рашфорд.

Share
Scroll to Top