Додека го чека судење за напад, Гигс си најде нова манекенка

Додека го чека судење за напад, Гигс си најде нова манекенка

пред 3 години

Легендата на Манчестер јунајтед и велшки селектор, Рајан Гигс го очекува судење за физички напад на својата поранешна девојка Кејт Гревил, но тој веќе има нова врска, објавува британскиот таблоид „Сан“ – 33-годишната манекенка Зара Чарлс.

Двојката беше забележана во Чешир, во исто време кога тој беше обвинет за напад на својата поранешна девојка Гревил, за што му се заканува затворска казна од пет години.

„Зара го поддржува Рајан повеќе месеци. Рајан е целосно отворен за својата ситуација со поранешната девојка“, тврди изворот на „Сан“.

Според „Сан“, Гигс се обратил за поддршка и кај својата поранешна сопруга, 41-годишната Стејси, со која има две деца.

Share
Scroll to Top