Доменек сака да биде селектор на Србија

Доменек сака да биде селектор на Србија

пред 4 години

Рајмон Доменек, потврдил дека е еден од кандидатите за селектор на фудбалската репрезентација на Србија. Поранешниот француски селектор, истакнал дека „контакти“ му ја пренеле заинтересираноста на Фудбалскиот сојуз на Србија и дека тој одговорил потврдно.

„Вистина е дека ме контактираа и дека одговорив потврдно. Заинтересиран сум да ја преземам фудбалската репрезентација на Србија. Нивото на вашата селекција е високо, имате сјајни фудбалери. Има потенцијал да се направи нешто интересно“, изјавил Доменек за „Новости“.

Тој рекол дека има идеја како да работи и открил кој е најголемиот проблем на Србија.

„Организацијата е најважна. Талентите се тука, треба да само да се направи да играат како еден, да играат заедно. Имам концепт како тоа може да се оствари. Да немав концепт не би размислувал за селекторската функција“, заклучил Доменек.

Србите се во потрага по нов селектор, иако актуелниот Љубиша Тумбаковиќ се уште се наоѓа на својата позиција. Тумбаковиќ ќе добие отказ откако не успеа да се пласира на Европското првенство.

Share
Scroll to Top