Донарума: Милан е минато, уживам во Париз!

Донарума: Милан е минато, уживам во Париз!

пред 3 години

Италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума им се заблагодари на соиграчите и на навивачите по вчерашното деби во дресот на ПСЖ на дуелот кој „Светците“ го добија против тимот на Клермон.

Оваа можност Италијанецот ја искористи и да „го пецне“ поранешниот клуб каде ја стекна фудбалската слава.

„Милан е минато, уживам во Париз. Среќен сум овде, добро ме дочекаа. Ќе се обидеме да победиме во што е можно повеќе натпревари и да ги направиме навивачите среќни, затоа што ни овозможуваат неверојатна поддршка“ рече Донарума.

Италијанскиот чувар на мрежата ова лето се пресели во ПСЖ откако му истече договорот со тимот на Милан. За „Росонерите“ дебитираше во 2015 година со 16 години и во „црвено-црниот“ дрес настапи на 251 меч.

Share
Scroll to Top