Дончиќ од Далас ќе добие 207 милиони за пет години

Дончиќ од Далас ќе добие 207 милиони за пет години

пред 3 години

Лука Дончиќ, денес, ќе го стави својот потпис на новиот договор со Далас Маверикс. Дончиќ во неделата се врати од Токио, каде со репрезентацијата настапуваше на Олимписките игри. Во Љубљана го пречекаа сопственикот Марк Кјубан, тренерот Џејсон Кид и клупските легенди Дирк Новицки и Мајкл Финли.

Дончиќ со Далас ќе потпише петгодишен договор, вреден 207 милиони долари. 22-годишниот Словенец е првиот копаркар,кој се квалификуваше за руки „супермакс“ договор, бидејќи два пати се најде во идеалниот тим во НБА лигата.

Далас Маверикс, пред три години, го избраа Дончиќ како трет пик на драфтот, истата сезона беше избран за руки на годината. Досега во кариерата има просек од 25,7 поени, 8,4 скока и 7,7 асистенции по натпревар.

Share
Scroll to Top