Јулијан Дракслер и покрај шпекулациите за заминување ова лето, ќе остане во Пари Сен-Жермен барем до 2024 година, откако го продолжи договорот со актуелниот француски шампион.
Германецот пристигна на „Паркот на принцовите“ во 2017 година од Волфсбург за 36 милиони евра, и сега го продолжи договорот на уште три години. Тој беше дел од младинскиот тим на Шалке, каде што се проби во германската репрезентација за која има 56 натпревари и 7 гола.
Дракслер одигра 34 меча за ПСЖ оваа сезона, постигнувајќи 4 гола и запишувајќи уште 7 асистенции.
✍️?
❤️? #Draxler2024 pic.twitter.com/1VKGEtkFq3
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) May 17, 2021