Дуел на титаните на „Можуик“ – Барселона против Баерн

Дуел на титаните на „Можуик“ – Барселона против Баерн

пред 10 часа

Вечерва во Лигата на шампионите ќе се одиграат преостанатите девет натпревари од третото коло. Очите на фудбалската јавност ќе бидат вперени на „Монжуик“ во Барселона каде ќе се одигра дербито на колото.

Барселона ќе го пречека Баерн Минхен, тим кој за Каталонците во изминатите сезони е вистински кошмар. Се уште се свежи сеќавањата на 202 година кога во Лисабон, на завршниот турнир во Лигата на шампионите Баерн ја прегази Барса со 8:2.

Тогаш на клупата на Баварците седеше актуелниот тренер на Барселона, Ханси Флик..

„Подготвени сме за овој дуел. Имам голема почит кон Баерн, тие се особено опасни откако го презеде Винсент Компани и знаеме дека нема да биде лесно. Добро го анализиравме противникот, многу сме свесни каде е најголемата опасност , но со нашите навивачи мислам дека можеме да постигнеме добар резултат, бидејќи Барселона е тим кој треба да размислува само за победа на домашен терен и ништо друго не се смета за прифатливо“, изјави Флик.

Лига шампиони, 3.коло:

Аталанта – Селтик 18.45
Брест – Баер Леверкузен 18.45
Атлетико Мадрид. – Лил 21.00
Барселона – Баерн 21.00
Бенфика – Феенорд 21.00
Манчестер сити – Спарта Прага 21.00
Салцбург – Динамо Загреб 21.00
Јанг Бојс – Интер 21.00)
Лајпциг – Ливерпул 21.00

Share
Scroll to Top