Кевин Дурент ќе дебитира во регуларната сезона за Бруклин нетс против својот поранешен клуб, Голден Стејт вориорс, но тој тврди дека нема да има воопшто дополнителни емоции на паркетот.
„За мене секој меч важен, и овојпат нема да биде поважно само бидејќи играм против поранешните соиграчи. Мислам дека ќе има обична кошарка како и секогаш и ќе биде убаво да се видам со момците“, вели Дурент.
Дурент играше за Вориорс од 2016 до 2019, освојувајќи две титули и добивајќи две МВП награди на финалињата. Со Дурент, Вориорс не пропуштија НБА финале, играјќи во пет последователни големи мечеви. Но, финалето во 2019 беше одбележано со тешката повреда на Дурент, по што тој потпиша со Бруклин.
„Повредите се случуваат, јас имав навистина тешка, но никој не е виновен. Ако победа во еден меч ми донесе три години мака, тогаш не сум имал најдобро време. Секогаш се чувствувам добро со баскетот во раце, но физички не сум тој стариот. Ќе видиме по два-три натпревари“, вели Дурент.