Дурент: Во Нетси ќе играм како центар!

Дурент: Во Нетси ќе играм како центар!

пред 4 години

НБА ѕвездата Кевин Дурент наскоро повторно ќе се најде на кошаркарскиот паркет по пауза од година ипол, од НБА финалето во 2019 година. Тој тогаш ја повреди Ахиловата тетива, а неговите Вориорси загубија од Торонто.

Тоа лето Дурент прејде во Бруклин Нетс, екипа за која своето деби ќе го има во недела, во претсезонски меч против Вашингтон.

Во разговор за „ЕСПН“ поранешниот МВП во НБА лигата вели дека во Нетси ќе игра на сите позиции.

„Мислам дека тренерот ќе ме користи на разни начини, ќе ме стави како центар или `четворка`. Морам да сум подготвен на се“ вели Дурант.

На почетокот на кариерата, Дурент во Сиетл играше на позиција „двојка“, но подоцна се префрли како ниско крило. Кај Вориорси чесо настапуваше како „четворка“.

Со оглед на висината од 210 сантиметри, Дурент може да одигра како центар, а со оглед на техниката, долгите нозе и брзината, не му е проблем да „влече“ и контра напад.

Share
Scroll to Top