Дурент ќе г предводи Американците во Токио

Дурент ќе г предводи Американците во Токио

пред 4 години

Кевин Дурент потврди дека ќе игра за репрезентацијата на САД на Олимписките игри во Токио. Одлуката ја соопшти ден по елиминацијата на Бруклин Нетс од Милвоки Бакс, во полу-финалето на Истокот.

Дурент досега два пати учествувал на ОИ, со САД освои златен медал во Лондон во 2012 и Рио де Жанеиро во 2016 година.

Крилниот играч во плеј-офот имаше просек од 34,3 поени, 9,3 скока и 4,4 асистенции по натпревар.

Покрај Дурент, на селекторот Грег Попович, учеството му го потврдија Дрејмод Грин, Демијан Лилард, Девин Букер, Бредли Бил и Џејсон Тејтум.

Share
Scroll to Top