Египет ги декласираше Русите, Франција со четири победи во четири меча

Египет ги декласираше Русите, Франција со четири победи во четири меча

пред 3 години

Домаќините на Светското првенство во ракомет, Египет стигнаа до импресивна убедлива победа од 28:23 над Русија со , за да си ги зголемат шансите за пласман во четврт-финалето на Мундијалот, додека „вечните“ фаворити, Франција, повторно беа неубедливи, но се вратија за 29:26 победа над Алжир за четврта победа во четири меча на шампионатот.

Египет и Русија почнаа израмнето во првите десетина минути од мечот, по што Египет полека ја презеде контролата, за со 5:0 серија во финишот на полувремето да направат предност од седум гола (15:8), која Русите не успеаја да ја достигнат во подоброто второ полувреме. Шабиб со осум и Елахмар со седум гола беа лидери на Египет, додека

Французите пак, имаа лош старт против Алжир, пред да се соземат и да направат два гола предност на полувреме (16:14), која ја оддржаа до средината на второто полувреме, кога африканската репрезентација повторно израмни. Сепак, искуството го направи своето и „триколорите“ сега се фаворити за пласман во четврт-финалето од својата група. Фабрегас, Мае и Мем имаа по четири гола за Французите.

СП ЕГИПЕТ, ВТОРА РУНДА

ГРУПА 3

Швајцарија – Исланд 20:18 (10:9)

Франција – Алжир 29:26 (16:14)

Португалија – Норвешка 20.30 ч.

Табела: 1.Франција 6, 2.Португалија 4, 3.Исланд 2, 4.Норвешка 2, 5.Швајцарија 2, 6.Алжир 0

ГРУПА 4

Македонија – Словенија 21:31 (9:13)

Русија – Египет 23:28 (8:15)

Шведска – Белорусија 20.30 ч.

Табела: 1.Шведска 4, 2.Словенија 4, 3.Египет 4, 4.Русија 3 5.Белорусија 1, 6.Македонија 0

Share
Scroll to Top