Едерсон ќе отсуствува еден месец

Едерсон ќе отсуствува еден месец

пред 2 месеци

Голманот на Манчестер сити, Едерсон, ќе отсуствува од терените најмногу еден месец поради повреда на мускулот. Бразилецот се повреди во неделата на натпреварот против Ливерпул (1:1) во Премиер лигата.

Едерсон се повреди во второто полувреме кога го фаулираше напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез за пенал, од кој Ливерпул го изедначи резултатот.

Бразиелцот го продолжи натпреварот, но набргу беше заменет со Стефан Ортега.

Едерсон ќе го пропушти четвртфиналето од ФА Купот против Њукасл во сабота, по што следува пауза во првенствата поради репрезентативни обврски. Тој ќе го пропушти и дербито против Арсенал на 31 март.

Share
Scroll to Top