Една година од смртта на Коби Брајант

Една година од смртта на Коби Брајант

пред 3 години

На денешен ден пред една година, во хеликоптерска несреќа, на 50 километри од Лос Анџелес, загина Коби Брајант заедно со својата ќерка Џиана. Во трагичната несреќа настрадаа и пилото на хеликоптерот и уште шест семејни пријатели на Брајант. Сите патувале во Таусанд Окс, на натпревар на тимот во кој тренер бил Коби, а најдобра кошаркарка неговата ќерка Џиана.

Хеликоптерот се урнал поради густата магла, кога пилотот изгубил ориентација, а леталото удрило во планината кај Калабасас.

Коби Брајант е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, легенда на ЛА Лејкерс. Во НБА лигата играше 20 години, со Лејкерс пет пати бил шампион, два пати бил најдобар стрелец во лигата, два пати бил МВП на финалето и еднаш на регуларниот дел на сезоната.

18 пати настапил на Ол-стар натпреварот, 11 пати бил избиран во идеалната петорка во лигата.

Во НБА лигата вкупно постигнал 33.643 поени, на вечната листа се наоѓа на четвртото место. Кариерата ја завршил со просек од 25 поени, 5,2 скока и 4,7 асистенции по натпревар.

Со репрезентацијата на САД освоил два златни медали на ОИ во 2028 и 2012 година.

Share
Scroll to Top