Саутгејт ќе добие нов договор без разлика на резултатот на ЕУРО

Саутгејт ќе добие нов договор без разлика на резултатот на ЕУРО

пред 3 години

Англиската Фудбалската асоцијација (ФА) планира да му понуди на селекторот Герет Саутгејт нов договор, без разлика на успехот на ЕУРО 2020 и иако, Саутгејт има договор до СП во Катар во 2022 година.

Извршниот директор на ФА, Марк Булингем потврди дека ФА ќе почне со преговорите со Саутгејт по Европското првенство.

„Секако, би сакале тој да продолжи со репрезентацијата, бидејќи ја има нашата почит. Сметаме дека завршува одлична работа и ќе почнеме со формални преговори по ЕУРО 2020“, вели Булингам.

Англија игра во осминафиналето на ЕУРО 2020 со Германија во вторник, и доколку бидат елиминирани фановите сигурно ќе се свртат против Саутгејт по сите критики за неговиот избор на играчи во групната фаза.

Share
Scroll to Top