Реал Мадрид го продаваат Азар за да направат место за Мбапе

Реал Мадрид го продаваат Азар за да направат место за Мбапе

пред 3 години

Реал Мадрид го поставија Еден Азар на продажба подготвувајќи се за пристигнувањето на Килијан Мбапе од Пари Сен-Жермен, тврди порталот „Гол“.

По понудата од 170 милиони евра плус 10 милиони евра, се очекува Пари Сен-Жермен да го пушти Мбапе да го оствари сонот и да отиде на „Сантијаго Бернабеу“, и Карло Анчелоти почнува да го „крати“ напаѓачкиот состав, со Азар, Марко Асенсио и Родриго на излезна врата.

Реал веќе ги информираа заинтересираите клубови дека ги имаат Герет Бејл, Лука Јовиќ и Маријано Дијаз на понуда, а сега се очекува да има заминувања пред крајот на преодниот рок на 31 август.

Азар беше поврзуван со враќање во Челси, но тој планира да остане во Реал и да се бори за своето место. Платата на Бејл претставува најголема пречка за било која позајмица или продажба.

Карим Бензема и Винсисиус Жуниор се „недопорливи“, исто како Касемиро, Тибо Курта и Дани Карвахал, како и Лука Модриќ.

Share
Scroll to Top