Една недела по елиминацијата од СП Нејмар организирал забава во вилата на својата сестра

Една недела по елиминацијата од СП Нејмар организирал забава во вилата на својата сестра

пред 1 година

Помалку од една недела по шокантното испаѓање на Бразил во четвртфиналето на Светското првенство, првата ѕвезда на тимот Нејмар се најде на удар на домашната јавност. Причината е што веднаш по слетувањето во Бразил, напаѓачот на ПСЖ организирал забава во вилата на неговата сестра во Сао Паоло.

Бразилските медиуми пишуваат дека Нејмар направил се за да ја сокрие и прикрие забавата, но не успеал. На забавата било забрането да се користат мобилните телефони.

Меѓу гостите биле неколку личности од бразилската естрада, а присутен бил и неговиот соиграч од репрезентацијата и играч на Манчестер јунајтед, Антони.

„Овој тип не е за националниот тим… Погледнете само како игра за своите клубови и погледнете како игра за репрезентацијата на Бразил… Дали сте виделе како играше Меси?“, беше еден од коментарите. на разочараните навивачи.

„Леле, дали сите сакаат целосно да потонат поради слабата репрезентација? Тој е тука, му е жал, сега животот продолжува. Тој е млад, богат и има повеќе причини да биде среќен. Ништо подобро од добра забава за подобрување на менталната состојба. “, пишува еден од корисниците кој решил да застане на страната на Нејмар.

Бразил во четвртфиналето на СП испадна од Хрватска. По 120 минути игра резултатот беше 1:1, голот за „Селесао“ го постигна Нејмар. Пенал-серијата им припадна на Хрватите со 4:2.

Share
Scroll to Top