Поранешниот кошаркарски тренер на Црвена Звезда, Саша Обрадовиќ е примен во болница во Белград поради коронавирусот.
Поранешниот кошаркар пред 4 дена бил примен во болница каде му било дијагностицирано воспаление на белите дробови поради што повремено бил приклучуван и на кислородна поддршка.
„Не е животно загрозен, состојбата му е стабилна, повремено добива кислород“ информираат од болницата.
Сепак, тука не е крајот за проблемите на 52-годишниот кошаркарски стратег.
Психичката состојба на Обрадовиќ не е добра затоа што и неговата мајка веќе 7 дена е во истата болница, но таа се бори за живот и приклучена е на респиратор.