Елмас даде гол – Наполи ја гази Специја во Купот на Италија

Елмас даде гол – Наполи ја гази Специја во Купот на Италија

пред 4 години

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас е стрелец на четвртиот гол за Наполи во четвртфиналниот Куп меч против Специја.

Тимот од Неапол има водство од 4-0 по првите 45 минути, а Елмас прецизно стрелаше во 40 минута за четврти гол на својот тим.

Претходно, со головите на Кулибали, Лозано и Политано, Наполи комплетно ја размонтира противничката одбрана.

Погледнете го погодокот на Елмас:

Share
Scroll to Top