Центарот на Филаделфија Џоел Ембид и бекот на Индијана Ти-Џеј Меконел ја обележаа ноќта во НБА лигата. Ембид ја предводеше Фиалделфија до победата над Јута, по дополнителните пет минути, а Меконел забележа редок трипл-дабл.
Дуелот на водечките тимови во своите конференции, Филалдефија и Јута, им припадна на Севентисиксреси со 131:123. Мечот мина во доминација на Џоел Ембид кој буквално го уништи најплатениот центар во лигата, Руди Гобер.
Ембид постигна 40 поени, вклучувајќи ја и тројката на пет секунди до крајот со која избори продолженија за Филалделфија. Камерунецот во статистиката додаде и 20 скокови. На спротивната страна Гобер имаше скромен ефект од 12 поени и девет скока.
Покрај Ембид, кај Филалдлефија се истакна и Тобајас Херис со 22 поени, осум од нив постигна во продолжението. Најефикасен играч на Јута беше Донован Мичел со 33 поени, но тој беше исклучен во продолжението поради две технички грешки.
Индијана забележа победа над Кливленд 114:111. Ти-Џеј Меконел забележа трипл-дабл со 16 поени, 13 асистенции и 10 украдени топки. Во првиот дел Меконел имаше девет украдени топки, што е рекорд во НБА лигата. Најефикасен кај Индијана беше Малком Брогдон со 29 поени, а Кливленд го предводеше Колин Секстон со 32 поени.
Џејмс Харден се врати во Хјустон и со трипл-дабл ги предводеше Бруклин Нетс до победата 132:114. Брадата забележа 29 поени, 10 скока и 14 асистенции. Хјустон се наоѓа во серија од 13 порази. На „ракетите“ не им помогнаа ниту Џон Вол кој постигна 36 и Виктор Оладипо кој забележа 33 поени.