Емотивната исповед на Јелена Докиќ: „Татко ми ми рече да спијам на улица, се скрив во ќош…“

Емотивната исповед на Јелена Докиќ: „Татко ми ми рече да спијам на улица, се скрив во ќош…“

пред 1 година

Јелена Докиќ минала низ многу тешкотии во животот, иако имаше многу успеси на тенискиот терен.

Поранешната тенисерка откри дека нејзиниот татко Дамир не и дозволил да се врати во хотелот откако во 2000 година загуби во полуфиналето на Вимблдон.

„Кога почнав да играм тенис и ја удрив првата топка, татко ми ме претепа“, изјави Докиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA DOKIC 🇦🇺🇦🇺🇦🇺 (@dokic_jelena)

После тоа, работите се влошиле

„Јас сум полуфиналист на Вимблдон, седам во солзи среде собата на играчите, разговарам на телефон со татко ми, кој вели дека сум срам за него и за семејството, затоа што загубив во полуфиналето на Вимблдон“, вели Докиќ, која тогаш имала 17 години и додава:

„Не смеам да се вратам во хотелот, ми рече да правам што сакам, да спијам на улица, бидејќи не се враќам. Останав на Вимблдон, чекав сите да си заминат, се скрив во еден агол од собата на играчите за да преноќам таму. Ме најдоа среде ноќ бидејќи чистачките доцна ја чистеа собата“.

Share
Scroll to Top