Енди Кол контра Ван Дајк: Ќе му бев најголем кошмар, тој не сака да трча назад

Енди Кол контра Ван Дајк: Ќе му бев најголем кошмар, тој не сака да трча назад

пред 4 години

Легендата на Манчестер јунајтед, Енди Кол вели дека би „обожавал“ да игра против Виргил ван Дајк по слабиот старт на сезоната на холандскиот дефанзивец на Ливерпул.

Ван Дајк имаше доминантни перформанси минатите две сезони за „црвените“, но осетен беше падот во формата на 29-годишниот Холанѓанец, посебно откако Ливерпул прими три гола од Лидс во првиот меч од сезоната, а потоа доживеа катастрофален 7:2 пораз од Астон вила.

Кол, напаѓачот кој останува на третото место на вечната листа на стрелци во Премиер лигата со 187 гола (од кои 93 за Јунајтед), вели дека го цени Ван Дајк, но дека сега се гледаат пропустите во неговата игра, посебно недостатокот на желба да трча назад.

„Ван Дајк е навистина добар фудбалер, но јас би сакал да играм против него и мислам дека лесно ќе го победев. Сакаш да се тестираш против најдобрите, и тој е најдобар во моментот. Секогаш сакав да барам слабости кај одбранбените играчи, и видовме малку кај него последните месеци. Го гледав против Лидс и напаѓачите кои му создаваа проблеми се тие кои трчаат зад него и го мамат и му дадоа три гола. Тој е ‘Ролс Ројс’ на дефанзивците, но не сака да трча наназад. Мислам дека ќе му бев најлош кошмар“, вели Кол.

Share
Scroll to Top