Хабиб Нурмагомедов официјално замина во пензија

Хабиб Нурмагомедов официјално замина во пензија

пред 3 години

Првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт, објави дека Хабиб Нурмагомедов ја завршил својата кариера во ММА. Објавата на Вајт, ја потврди и Нурмагомедов, кој заминувањето во пензија го најави во октомври минатата година.

Вајт, во изминативе месеци, се обидуваше, но не успеа да го убеди да има уште една борба.

По разговорот што го имале во Лас Вегас, Вајт објави: „Официјално ја заврши кариерата. Беше неверојатно додека те гледавме во октагонот. Ти благодарам, уживај во она што е пред тебе мој пријателе“, напишал Вајт.

Нурмагомедов во пензија замина без пораз, со победи во сите 29 борби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dana White (@danawhite)

Share
Scroll to Top