Епски меч на ракометниот турнир – Германија ја искористи глупоста на Мем и ја елиминира Франција

Епски меч на ракометниот турнир – Германија ја искористи глупоста на Мем и ја елиминира Франција

пред 3 месеци

Германските ракометари се пласираа во полуфиналето на Олимписките игри откако по продолженијата го совладаа домаќинот Франција со резултат 35:34, во регуларниот дел натпреварот заврши 29:29. Овој натпревар беше последен во кариерата за великанот на светскиот ракомет, Никола Карабатиќ.

Франција и Германија одиграа натпревар што долго ќе се прераскажува. Ќе се потенцира нереалната партија на францускиот голман Жерар, брилијантната игра на 22-годишениот Германец Усчинс и глупоста на Мем.

Германците од работ на безбдната се вратија во мечот, изборија продолженија и на крајот победија со голот на Усчинс на пет секунди до крајот. Во последниот напад, Шпет го одбрани ударот на Порт.

А, Германија избори продолженија, откако Мем ја направи најголемата глупост во кариерата, на шест секунди до крајот лошо ја уфрли топката, Кестнер ја украде, а Усчинс го совлада Жерар.

Претходно Франција доминираше 40 минути, благодарение на голманот Жерар и Мем. Имаа Французите предност од 20:14 во 32.минута, но упорните Германци со две серии од 4:0 и 5:1 го презедоа водството (26:25) на пет минути до крајот.

Жерар на голот на Фрнација одбрани 20 удари и три седмерци, Мем постигна 10, а Деска осум гола. Кај Германија Усчинс постигна 13 голови, Гола и Хајнман по шест, а Кнор пет. Голманот Шпет блескаше со 14 одбрани.

Share
Scroll to Top