Италијанските медиуми тврдат дека данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен ќе мора да почека барем шест месеци за да заигра повторно за Интер, а можно е да биде и постојано суспендиран од Серија А поради срцевиот напад кој го доби на Европското првенство.
Данецот колабираше на првиот меч на Данска на ЕУРО 2020 против Финска минатиот месец, пред да биде вратен во живот со дефибрилатор. Тој веднаш беше однесен во болницата во Копенхаген каде што му беше вграден минијатурен дефибрилатор, нешто што може да го спречи воопшто да заигра за Интер повторно.
Ако состојбата на Ериксен била предизвикана од привремено воспаление на мускулот, имплантот може да биде отстранет и тој ќе може да продолжи во Серија А. Сепак, според „Скај спорт Италија“, за да се направи оваа процедура ќе бидат потребни барем 6 месеци.
Се очекува 29-годишниот Ериксен да пристигне во Милано следната недела, но сигурно нема да заигра бргу за „нераѕурите“. Тој има договор со Интер до 2024 година.
Sky – Eriksen, si attendono novità: in campo tra 6 mesi nella migliore delle ipotesihttps://t.co/SsrwOmacEc
— FcInterNews.it (@FcInterNewsit) July 29, 2021