Ето: Лапорта има план

Ето: Лапорта има план

пред 3 години

Легендата на Барселона, Самуел Ето, ја коментирал акуелната ситуација во неговиот поранешен клуб. Најмногу време го анализирал односот помеѓу тренерот Роналд Куман и претседателот, Џоан лапорта.

„Убеден сум дека Лапорта има план. Немојте да се откажете, тој е многу паметен. Имав привилегија да ми биде пријател и брат“, рекол Ето.

Камерунецот ја коментирал и одлуката на тренерот Куман, вчера да не одржи прес конференција. Пред мечот со Кадиз (вечерва 22 часот), Куман се појави на прес конференцијата, прочита соопштение и потоа ја напушти салата.

„Имам разбирање за него. Погледнете само колку пати јас сум напуштил прес конференција. Два пати викав толку многу, поради што пријателите ме прашуваа дали сум луд“.

Share
Scroll to Top