ЕХФ го одложи натпреварот Србија-Холандија

ЕХФ го одложи натпреварот Србија-Холандија

пред 3 години

Натпреварот помеѓу Холандија и Србија, на Европското првенство за ракометарки е одложен за 24 часа. Првиот натпревар во Ц-групата, кој требаше да се одигра вечерва во 20.30 часот е одложен поради позитивен корона-тест на една репрезентативка на Србија.

Експедицијата на Србија вчера пристигна во Данска, сите биле веднаш тестирани на аеродромот Билунд. Еден тест бил позитивен. Поради тоа ЕХФ го одложи натпреварот.

Утрово било извршено второто тестирање, а српскиот тим ќе биде тестиран и во сабота, стои во соопштението на ЕХФ.

Доколку се биде во ред, натпреварот ќе се одигра во сабота од 20.30 часот. Покрај Холандија и Србија, во Ц-групата се наоѓаат и репрезентациите на Унгарија и Хрватска.

Share
Scroll to Top