Жозе беше „Специјалниот“, Тухел е „Непобедливиот“

Жозе беше „Специјалниот“, Тухел е „Непобедливиот“

пред 4 години

Првата победа на Томас Тухел над својот пославен сонародник Јирген Клоп не помина незабележано во германските медиуми, кои едногласно го фалат „непобедливиот“ менаџер на Челси, кој има одлично деби во премиерлигашкиот фудбал.

Кариерата на Тухел беше поврзана со Клоп бидејќи двајцата работеа со Мајнц и Борусија Дортмунд како млади тренери, но 47-годишниот Тухел досеа немаше победа против тимовите на Клоп пред вчерашниот 1:0 триумф над Ливерпул на „Енфилд“.

Ова значи дека Тухел е непоразен од пристигнувањето на „Стемфорд бриџ“ како замена за Френк Лампард со седум победи и три ремија и германскиот таблоид „Билд“ го нарече Тухел „Непобедливиот“ споредувајќи го со уште еден легендарен тренер на Челси, Жозе Мурињо, кој беше самопрогласен „Специјалниот“.

Share
Scroll to Top