Тајм-аутот на македонскиот селектор е хит на интернет: Вие немате ум за овој спорт!

Тајм-аутот на македонскиот селектор е хит на интернет: Вие немате ум за овој спорт!

пред 3 години

Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ со право беше бесен на своите избраници по синоќешниот пораз во Скопје од Летонија во претквалификациите (88-72). Одржа тајм-аут кој привлече големо внимание во Македонија, ни и на Балканот. Иако Македонија претрпе тежок пораз, сепак избори место во квалификациите за Мундобаскетот 2023.

„Каков ваш ум, па вие немате ум за овој спорт. Немаш ум, немаш ум, јасно ли ти е? Кој мозок тоа може да го направи: Каков е овој шут? Па не сакам вие да играте за поени. Кои сте вие бе ало? Никој одбрана не игра“ викаше Бајиќ.


Македонија, Словачка, Белорусија, Исланд, Летонија, Црна Гора, Португалија и Шведска изборија место во главните квалификациите каде има место за 24 европски селекции кои на жрепката на 31. август ќе ги дознаат ривалите по групите.

Само 12 од тие селекции ќе изборат пласман на Мундобаскетот што во 2023 година ќе се одржи во Индонезија, Јапонија и Филипини.
Фото: КФСМ

Share
Scroll to Top