Заврши сагата околу Алаба – Австриецот ќе го облече дресот на Реал

Заврши сагата околу Алаба – Австриецот ќе го облече дресот на Реал

пред 3 години

Фудбалерот на Баерн Минхен, Давид Алаба, го ставил потписот на првиот дел од договорот со Реал Мадрид. Австриецот на „Сантијаго Бернабеу“, ќе пристигне како слободен играч по завршувањето на сезоната.

Трансферот на Алаба беше актуелен од почетокот на годината. Австриецот се поврзуваше со неколку клубови, меѓу кои покрај Реал беа ПСЖ, Барселона, Ливерпул.

Откако го потпишал првиот дел од договорот јасно е дека Алба наредната сезона ќе го носи дресот на Реал.

Медиумите шпекулираат дека фудбалерот во Реал ќе има годишна плата од 12 милиони евра.

Алаба оваа сезона со Баерн ја одбрани титулата во Германија. Во Бундес лигата одигра 31 натпревар.

Share
Scroll to Top