Заврши сезоната за Симонс, ќе го пропушти и Мундијалот

Заврши сезоната за Симонс, ќе го пропушти и Мундијалот

пред 3 часа

Чави Симонс, 23-годишен холандски фудбалер, фудбалер на Тотенхем, објави дека неговата сезона е завршена и дека нема да игра на Светското првенство.

„Велат дека животот може да биде суров и токму така се чувствувам“, објави Симонс, кој беше сериозно повреден минатата недела во натпревар од Премиер лигата во кој неговиот Тотенхем го победи Вулверхемптон со 0:1.

Симонс претрпе повреда на коленото, а првите медицински извештаи укажуваат на повреда на предниот вкрстен лигамент на десната нога.

„Срцето ми е скршено. Сите мои желби за крајот на сезоната и оние поврзани со Светското првенство исчезнаа“, додаде Симонс.

Повредата на Симонс е голем проблем за Холандија и селекторот Роналд Куман, во пресрет на Мундијалот, но е уште поголема за Тотенхем, кој се бори да остане во Премиер лигата.

Тимот од северен Лондон е на 18-то место, во зоната за испаѓање.

Симонс е член на Тотенхем од минатата година, а во својата кариера одигра 34 натпревари за холандската репрезентација, постигнувајќи шест гола. Оваа сезона има 43 настапи, шест гола и седум асистенции.

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 50 милиони евра.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top