Заглави трансферот на Пјаниќ во Фиорентина

Заглави трансферот на Пјаниќ во Фиорентина

пред 3 години

Трансферот на репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ од Барселона во Фиорентина се искомпликува наведува каталонски „Спорт“. Двата клуба не успеале да се договорат за позајмицата.

Неколку италијански клубови (Јувентус, Рома, Фиорентина и Наполи) се заинтересирана Пјаниќ повторно да заигра во Серија А, но најголем проблем претставува големата плата на играчот. Барса инсистира неговиот нов клуб да ја плаќа целата негова плата, а италијанските клубови се согласни на исплата на околу 50% (платата во Барса му е 8 милиони евра годишно).

Иако се уште не е комплетно завршена работата за трансфер кај „виолетовите“ сепак оттаму доаѓаат информации дека тие веќе се заинтересирале во своите редови да го доведат Лукас Тореира, играчот на Арсенал.

Бјаниќ во Барселона е во немилост на тренерот Роналд Куман. Неговиот трансфер во клубот чинеше 55 милиони евра, а за Каталонците има одиграно 30 мечеви во сите натпреварувања.

Share
Scroll to Top