Иван Јуриќ повеќе не е тренер на Саутемптон. Хрватскиот стручњак го напушти клубот по 31. коло, откако официјално испадна од Премиер лигата, со најлошиот учинок во историјата на лигата. Хрватот ја активираше клаузулата во договорот која му овозможува заминување, ден откако беше потврдено враќањето на тимот во Чемпионшип.
На Јуриќ му беа доволни само 108 дена на клупата за да влезе во историјата – како најлошиот тренер на Премиер лигата досега, пишува „АС“ во текстот со наслов „Заминување на најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата“.
Тој освои само четири поени на 14 натпревари, во просек 0,29 поени по натпревар. Ниту еден друг менаџер кој раководел со клуб најмалку десет кола во ерата на Премиер лигата нема полош просек.
„АС“, дополнително го анализира настапот на Јуриќ.
Претходниот неславениот рекорд го држеше Тери Конер, поранешен менаџер на Вулверхемптон, кој во сезоната 2011/12 во просек освојуваше 0,31 поен по натпревар“.
На 26 декември 2024 година, Јуриќ го наследи Расел Мартин по катастрофалниот почеток на сезоната 2024/25, но резултатите под негово водство се покажаа уште полоши. На 14 натпревари од Премиер лигата, хрватскиот стручњак освои само четири бода, што е дури и помалку од петте бода на Мартин.
Јуриќ оезоната 2024/2025 ќе сака што побргу да ја заборави. Пред Саутемптон доби отказ по само два месеци како тренер на Рома.