Занети: Во финалето да го избегнеме Реал Мадрид

Занети: Во финалето да го избегнеме Реал Мадрид

пред 11 месеци

Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети би преферирал неговиот тим да игра во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер сити, избегнувајќи го 14-кратниот шампион Реал Мадрид.

Занети, кој беше дел од тимот кој ја освои третата европска титула со „нераѕурите“ во 2010 година, беше презадоволен по втората победа над Милан во полуфиналето и сигурниот пласман во големото финале во Истанбул.

„Емоциите не можат да се опишат, оваа група фудбалери заслужува да игра во Лигата на шампиони по 13 години. Сега, чекаме да го дознаеме името на нашите противници, но тоа што го направивме е фантастично. Лично, би сакал да ги избегнеме Реал Мадрид, бидејќи ова натпреварување како да е создадено за нив. Најважно е што сме таму по тешкиот пат“, вели Занети.

Share
Scroll to Top