Застрашувачки момент – Муса Дембеле загубил свест на тренинг на Атлетико

Застрашувачки момент – Муса Дембеле загубил свест на тренинг на Атлетико

пред 4 години

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Муса Дембеле, имал страшна епизода на тренингот на Атлетико Мадрид, откако колабирал на теренот и ја загубил свеста додека траеле физичките подготовки.

Поранешниот фудбалер на Лион, кој се пресели во Ла лига во јануари на позајмица (со опција за постојан договор) има само четири натпревари за тимот на Диего Симеоне.

Според шпанските медиуми 24-годишниот Дембеле на тренинг со фудбалерите кои не се заминати на интернационалната пауза, моментално ја загубил свеста, но потоа сам си заминал од тренинг-центарот, одејќи на медицински тестови.

Share
Scroll to Top