Застрашувачки сцени во Мајами – британски тинејџер колабираше во АТП дебито

Застрашувачки сцени во Мајами – британски тинејџер колабираше во АТП дебито

пред 3 години

АТП дебито на 19-годишниот британски тенисер Џек Дрејпер заврши со застрашувачки колапс на жештината во Мајами, по што се повлече од мечот од првото коло против Казахстанецот Михаил Кукушкин.

Дрејпер, финалистот на јуниорскиот Вимблдон од 2018 и најголемата британска надеж, доби вајлд-карта на Мастерс турнирот како клиент на спортската агенција „ИМГ“, која е организатор на турнирот.

Светскиот рекет број 316 беше солиден во првиот сет против ветеранот, губејќи го со 5:7 по час и 21 минута, но јасна беше физичката исцрпеност од влажното и жешкото време во Мајами, по што тој побара лекарска помош на 5:6. На сет-поен, тој едноставно не можеше да изддржи.

„Мислам дека се работи за добар млад тенисер. Ова беше тежок меч, условите беа тешки. Беше жешко, влажно и бевме многу спори. Потребна беше голема енергија да се префрли топчето преку мрежата“, изјави 33-годишниот Кукушкин.

Share
Scroll to Top